Германија победа ја дели од место во полуфиналето

Германија победа ја дели од место во полуфиналето

пред 8 месеци

Германија ја победи Унгарија со 35:28 (18:17) и дојде на чекор до пласман во полуфиналето на Европското првенство. Место меѓу најдобрите четири екипи веќе обезбедија Данска, Шведска и Франција.

Најефикасни кај Германија беа Костер со осум гола, Гола, Хафнер, Хајман, Колбахер и Штајнарјт со по четири гола. Кај Унгарија Роста и Анчин постигнаа по шест гола, Бодо четири.

Последната пречка на патот до полуфиналето на Германците ќе им биде Хрватска на 24 јануари..

Германија мора да победи, бидејќи има бод повеќе од Унгарија и Австрија. Унгарија игра против Франција, а Австрија против Исланд.

Во групата 1, Франција е секако прва, а во групата 2, Данска од првото и Шведска од второто место, без разлика на епилогот од дуелите закажани за 23 јануари, ги чекаат своите ривали во полуфиналето.

Share
Scroll to Top