Репрезентацијата на Србија остана без трофејот во АТП купот. Германија, го доби решавачкиот меч во групата со 2:1 и се избори за полу-финален меч против Русија. Во второто полу-финале ќе играат Италија и Шпанија.
Клучниот поен Германците го освоија во дубл, Зверев и Штруф со 2:1 ги победија Ѓоковиќ и Чачиќ. Првиот сет го освоија Германците во тај-бреј, вториот им припадна на Србите со 7:5, супер тај-брејкот во третиот сет Зверев и Штруф го добија со 10:7.
Претходно, Штруф го победи Лајовиќ со 3:6, 6:3, 6:4, а Ѓоковиќ го победи Зверев со 6:7, 6:2, 7:5.