Германците ја декласираа Италија, Англичаните посрамени од Унгарија

Германците ја декласираа Италија, Англичаните посрамени од Унгарија

пред 2 години

Фудбалската репрезентација на Германија ја декласира Италија со 5:2 и стигнаа до првиот триумф во групата 3 од Лигата на нации, но хит е Унгарија која ја посрами Англија дома совладувајќи ја со 0:4.

Тимо Вернер беше двоен стрелец, а погодија и Гундоган, Томас Милер, а серијата ја отвори Џошуа Кимих. За Италија стрелци беа Гнонто и Бастони.

Унгарија со 0:4 славеше против Англија. Роланд Шалаи беше двоен стрелец, а погодија и Наѓи и Даждаг.

Мичи Батшуаи донесе триумф (0:1) за Белгија на гости против Полска, а Холандија го победи Велс со 3:2.

Share
Scroll to Top