Шеј Гилџес-Александер, доби нов договор од својот тим, Оклахома сити Тандер.
Откако не успаја да го разменат во некој друг тим, Тандер, решија да го продолжат договорот со Гилџес-Александер.
Плејмејкерот доби неверојатен договор од клубот, за пет години ќе заработи 172 милиони долари.
Гилџес-Александер, може да заработи и дополнителни 30 отсто од оваа сума, доколку биде избран во некоја од трите идеални петорки, кои вообичаено се бираат по завршувањето на регуларниот дел од сезоната.