Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата

Гисин го повреди ‘рбетот, ги движи рацете и нозете по операцијата

пред 2 часа

Швајцарската скијачка Мишел Гисин доживеа тежок пад за време на тренингот во четврток, а еден ден подоцна информациите за повредите воопшто не се охрабрувачки.

Двократната олимписка шампионка се здоби со сериозни повреди кога со полна брзина се удри во заштитна ограда за време на тренингот во Сант Мориц, пред да биде запрена од следната ограда. Прва помош ѝ беше укажана на патеката, а потоа беше пренесена со хеликоптер во болница, а оттаму во специјализирана клиника во Цирих.

Еден ден подоцна, вестите не се добри, но не се драмтично лоши. Во четврток вечерта, Гисин имаше операција на цервикалниот дел од ‘рбетот, а како што е потврдено, по операцијата, која помина добро, таа може да ги движи рацете и нозете.

Покрај повредата на цервикалниот дел од ‘рбетот, Гисин се здоби и со повреди на зглобот на десната рака и левото колено, но како што изјави Швајцарската скијачка федерација, тие повреди засега не се оценети бидејќи беше итно да се реагира на повредата на ‘рбетот.

32-годишната Гисин освои златни медали во комбинација на Олимписките игри во 2018 и 2022 година.

Неверојатно, таа е веќе третата швајцарска олимпијка што се повредила за време на тренинг. Лара Гут-Бехрами и Корин Сутер имаа слични инциденти во претходните недели.

Foto/ freerangestock

Share
Scroll to Top