Џовани Галеоне, добар пријател на поранешниот фудбалски тренер на Милан и на Јувентус, Масимилијано Алегри за италијанско радио раскажа дека стратегот минатото лето одбил дури 4 големи понуди, на Реал Мадрид, Арсенал, Челси и ПСЖ.
Се чини најтешко е да се каже „НЕ“ по понуда од Кралскиот клуб, но Алегри кој е без ангажман од летото 2019 година се уште чека.
„Го одби Реал Мадрид затоа што неколку дена порано доби некои други понуди. Го прашав `Како можеш да одбиеш така голем клуб?` а тој ми рече дека не е кловн. Не може да одбие еден клуб, да се заврти и по 10 минути да прифати понуда на друг клуб. Таков човек е, џентлмен, професионалец“ заклучи Галеоне.
Кога Алегри си замина од Јувентус, најави една година пауза. Во тие 12 месеци имал повеќе понуди, а речиси 2 сезони тој се уште е без работа.
Се шпекулираше и со селекторската функција во Италиja, но и тоа Алегри го одби.
Пред да биде дел од тимот на Јуве, Алегри беше дел од Сасуоло, Калјари и Милан.