Голамнот на Челси Менди: Срамота е што на вестите за Бенжамин Менди ставате мои фотографии

Голамнот на Челси Менди: Срамота е што на вестите за Бенжамин Менди ставате мои фотографии

пред 2 години

Голманот на Челси, Едуард Менди, реагира до медиумите кои со негова фотографија, ја испратиле веста дека десниот бек на Манчестер сити, Бенжамин Менди е обвинет за уште две силувања.

Фудбалерот на Манчестер сити, се наоѓа во притвор од август, кога беше обвинет за четири силувања. Судењето за шесте силувања и еден сексуален напад, ќе започне на 24.јаниари наредната година.

Голманот на Чесли, Менди, на социјалните мрежи напишал дека не може да поверува, дека медиумите си дозволиле да направат таква грешка. Особено им е лут на некои француски медиуми, што направиле грешка.

Во Франција внимателно се следи случајот со фудбалерот на Манчестер сити.

„Тажно е ова што се случува во Франција и Англија во 2021 година. За некои работи сите црнци имаат исти фаци и исти имиња. Не треба да биде проблем да можете да направите разлика помеѓу две лица, особено кога за да го направите тоа имате помош од фудбалскиот дрес“, напишал Менди.

Share
Scroll to Top