Голема трагедија: Загина Лука Салвадори

Голема трагедија: Загина Лука Салвадори

пред 3 месеци

Италијанскиот мотоциклист Лука Салвадори им подлегна на повредите здобиени во несреќа за време на улична трка, соопшти неговиот тим.

„Со бескрајна тага ја објавуваме загубата на нашиот Лук Салвадори. По несреќата на патеката Фрохбург, поради повеќекратните повреди со кои се здоби, не можеше да се бори и не’ напушти. Нашето најдлабоко сочувство го изразуваме до членовите на неговото семејство“ –  тимот на Лука Салвадори.

Салвадори почна со улични трки по престојот во МотоЕ шампионатот. Тој беше натпреварувач и во италијанскиот супербајк шампионат, а остана познат и на социјалните мрежи, бидејќи на „Инстаграм“ имаше 415.000 следбеници, додека на својот канал на Јутјуб има 583.000 претплатници.

Share
Scroll to Top