Големите италијански шефови на состанок во Фиренца

Големите италијански шефови на состанок во Фиренца

пред 4 години

Генералниот директор на Лега Серија А, Луиџи де Сиерво и директорите на Рома, Болоња и Удинесе се приклучиле на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели и газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис на состанок во Фиренца, каде што се разгледувала иднината на италијанскиот фудбал.

Според „Ла газета дело спорт“, на состанокот главна тема била формирањето на заедничка медиумска компанија со „ЦВЦ капитал партнерс“, носителите на ТВ-правата во Серија А, за зголемување на медиумскиот углед и парите кои ги добива италијанската лига.

Ова е прв состанок помеѓу првите луѓе на Јувентус и Наполи по усвојувањето на жалбата за Наполи и наредбата за преигрување на мечот со Јуве во мај, а Ањели и Де Лаурентис исто така имале и посебна тема – најавениот трансфер на Аркадијуш Милик од „Сан Паоло“ во Торино.

За 25 отсто од Серија А понудени 3 милијарди евра!

Share
Scroll to Top