Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот.
Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост.
„Против Новак немам такво чувство“, призна Надал.
Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно да се игра на исклучително високо ниво во текот на целиот меч, бидејќи српскиот тенисер знае да ја преземе контролата врз поенот веднаш штом противникот испрати пократка или послаба топка.
Најголемото признание Надал му го оддаде со зборовите:
„Мислам дека тој е играчот што тоа го прави најдобро во историјата и најдобро од сите што сум ги видел.“






