Голем кикс на Лацио, Торино победи на „Олимпико“

Голем кикс на Лацио, Торино победи на „Олимпико“

пред 1 година

Фудбалерите на Торино славеа на гости кај Лацио со 1:0 (1:0) во натпреварот од 31. коло на Серија А.

Со шестиот сезонски пораз, четврти на домашен терен, Лацио си ги намали шансите за да дојде до второто место на табелата. Јувентус може да ги претекне доколку победи, додека Торино е сигурен на средината на табелата.

Лацио пропушти две шанси во првата и во 13. минута, исто како и Торино преку Радоњиќ во 20.

Единствениот гол го постигна српскиот репрезентативец Иван Илиќ во 43.минута. Играчот на Торино упати силен удар оод речиси 30 метри и го совлада проведел.

Во следното коло, на 29 април, Торино ја пречекува Аталанта, додека Лацио ден подоцна му гостува на Интер.

Share
Scroll to Top