Голем проблем за Ајакс – Една година суспензија за Андре Онана

Голем проблем за Ајакс – Една година суспензија за Андре Онана

пред 3 години

УЕФА, во помалку од 48 часа, на фудбалскиот клуб Ајакс, му испорача две лоши вести. Клупската администрација, пред неколку дена, направи аматерска грешка и не го пријави најскапиот играч во историјата на клубот, Себастијан Але, за настап во Лига Европа.

Од Ајакс се надеваа дека ќе можат да најдат заеднички јазик со УЕФА, меѓутоа од европската куќа на фудбалот, потврдија дека Але нема да може да игра во Лига Европа.

Неколку часа по оваа на „Јохан Кројф“ арената пристигна уште една лоша вест. УЕФА му изрече едногодишна суспензија на првиот голман Андре Онана.

Камерунецот ги прекршил допинг правилата.

На допинг контролата, на 30.октомври минатата година, во урината на голманот биле пронајдени траги на забранетата супстанца Фуросемид. УЕФА го извести клубот дека суспензијата започнува да важи во истиот момент.

Клубот и голманот најавија дека одлуката ќе ја обжала пред Меѓународниот спортски суд во Лозана.

 

Share
Scroll to Top