Голманот на Валвијк кого лекарите го оживуваа на терен е во добра состојба

Голманот на Валвијк кого лекарите го оживуваа на терен е во добра состојба

пред 1 година

Натпреварот од 7. коло во холандскиот шампионат меѓу Валвијк и Ајакс беше прекинат во 85. минута при резултат 2:3 по страшни сцени. Голманот на Валвијк, Етјен Васен, остана да лежи неподвижен по сударот со Брајан Броби од Ајакс, кој се обиде да дојде до топката пред него. Броби очигледно ненамерно го удри со нога во главата.

Соиграчите веднаш ѝ сугерираа на клупата дека нешто не е во ред, а лекарите се упатија кон Весен, кој лежеше без свест на тревникот. Глетката беше страшна додека лекарите го оживуваа на теренот.

Но, во ноќта по натпреварот пристигнаа добри вести. Валвијк известува дека нивниот голман е свесен и дека направил низа тестови во болницата.  Синоќешниот натпревар беше прекинат поради оваа повреда и ќе се игра до крајот кога ќе се договорат екипите.

Share
Scroll to Top