Голчиште на Алба, Барселона победи кај Бетис

Голчиште на Алба, Барселона победи кај Бетис

пред 2 години

Барселона со победата над Бетис, во Севилја, на три кола до крајот на сезоната обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Барса на „Бенито Виљамарин“ со голот на Алба во 94.минута победи со 2:1.

Бетис и Барселона одиграа динамичен натпревар со многу шанси и три гола, од кои последниот е вистинско ремек дело.

Барселона првиот гол го постигна во 76.минута преку Ансу Фати. Само трои минути подоцна израмни поранешниот играч на каталонците, Марк Бартра.

Во последната акција на натпреварот, Дани Алвес испрати совршен центаршут, а Алба со волеј ја скина мрежата на Бетис.

Share
Scroll to Top