Гол и асистенција за Пандев – Аталанта ја победи Џенова

Гол и асистенција за Пандев – Аталанта ја победи Џенова

пред 4 години

Фудбалерите на Аталанта во претпоследното коло обезбедија позиција на табелата која им гарантира место во Лигата на шампионите. Во 37.коло, Аталанта победи во Џенова со 4:3. Горан Пандев го одигра второто полувреме за Џенова, постигна гол и забележа една асистенција.

Аталанта, без оглед на резултатите од последната рунда, не може да оди подолу од четвртата позиција, бидејќи има подобра меѓусебен скор од Јувентус.

Малку недостигаше Аталната да направи од готово вересија и да ја испушти предноста од три гола.

Првиот дел Аталната го реши со 3:0, со головите на Запата, Малиновски и Госенс. Узбекистанецот Шомуродов намали на 1:3 во 49.минута, но само две минути подоцна Пашалиќ повторни ја врати разликата на три гола.

До крајот на мечот, Пандев од пенал намали на 2:2, а потоа во 85.минута му аситираше на Шомуродов за конечни 3:4.

Share
Scroll to Top