Гореше хотелот на Кристијано Роналдо во Маракеш

Гореше хотелот на Кристијано Роналдо во Маракеш

пред 4 дена

Пожар избувна во луксузниот хотел „Pastana CR7“, кој е во сопственост на Кристијано Роналдо, а зградата во Маракеш претрпе значителна материјална штета. Брзата интервенција на пожарникарите спречила пожарот да се прошири и на други објекти, а „Мороко ворлд њуз“ јавува дека нема повредени.

Персоналот на хотелот веднаш реагирал и успеал да ги евакуира сите гости. Пожарот избувнал во просторија која во моментот била празна. Според првите информации причина е краток спој. Покрената е истрага за да се утврдат точните причини за инцидентот.

Хотелот во Маракеш е отворен во 2022 година и нуди луксузен престој во егзотично опкружување. Претходно имаше гласини дека овој хотел ги засолнил жртвите од земјотресот во Мароко. Но, управата на хотелот ги демантираше тие тврдења, наведувајќи дека објектот не служел како засолниште за погодените од земјотресот.

Синџирот хотели „Pestana CR7 Lifestyle Hotels“ е роден од партнерството помеѓу Кристијано Роналдо и„Pestana Hotel Group“ и моментално вклучува пет хотели во Мадеира (Португалија), Лисабон (Португалија), Мадрид (Шпанија), Њујорк (САД) и Маракеш (Мароко).

Планирано е проширување на синџирот на нови дестинации, вклучувајќи ги Париз и Манчестер, што дополнително ќе го зајакне глобалното присуство на брендот.

Share
Scroll to Top