Гоф ја победи Мухова за титулата во Пекинг

Гоф ја победи Мухова за титулата во Пекинг

пред 3 месеци

Американската тенисерка Коко Гоф го освои ВТА турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Чехинката Каролина Мухова со 6:1, 6:3.

Натпреварот траеше еден час и 17 минути. Гоф е рангирана на шестото место во светот, додека Мухова е на 49. место на ВТА листата. Ова беше трет меѓусебен дуел на американската и чешката тенисерка, а трета победа за Гоф, која со триумфот во Пекинг ја освои осмата титула во кариерата.

Со освојувањето на турнирот во главниот град на Кина, американската тенисерка освои парична награда од 1,1 милион долари, како и 1.000 поени за ВТА листата. Мухова за ВТА листата доби 585.000 долари и 650 поени. ВТА турнирот во Пекинг се одигра за награден фонд од 8.955.610 долари.

 

 

Share
Scroll to Top