Го избркаа од Шалке, се сели во Келн

Го избркаа од Шалке, се сели во Келн

пред 3 години

Искусниот напаѓач Ведад Ибишевиќ од јануари ќе игра во нов тим. 36-годишникот постигнал договор со Келн. Ибишевиќ, минатата недела доби отказ во Шалке, откако се степал со помошникот тренер.

Келн имаат проблем со ефикасноста од почетокот на сезоната, во клубот веруваат дека тој проблем ќе го решат со поранешнот играч на Волфсбург и Херта.

Ибишевиќ како слободен играч се сели во Келн, а официјално за клубот ќе може да настапува од 1.јануари.

Германските медиуми претпоставуваат дека тој ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Share
Scroll to Top