Без најдобриот играч, Каваи Ленард, кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, направија брејк во Солт Лејк сити и поведиа во серијата против Јута Џез со 3:2.
Клиперси славеа со 119:111, откако во првото полувреме ја преживеаја „рафалната стрелба“ на „џезерите“. Играчите на Јута, во првото полувреме постигнаа 17 тројки. Најмногу се истакна Бојан Богдановиќ, хрватскиот репрезентативец погоди шест тројки од исто толку обиди, а на крајот беше најефикасен кај Јута со 32 поени.
Клиперси ги предводеше Пол Џорџ со 37 поени, 16 скокови и пет асистенции, Маркус Морис постигна 25, а Реџи Џексон 21 поени.
Покрај Богдановиќ кај Јута се истакнаа Донован Мичел со 21, односно Руди Гобер со 17 поени и 10 скокови.