„Граѓаните“ му понудија нов договор на Родри

„Граѓаните“ му понудија нов договор на Родри

пред 2 часа

Манчестер Сити му понуди нов договор на најдобриот играч во светот, во 2024 година, Родри.

Според Фабрицио Романо, Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 29-годишниот репрезентативец на Шпанија, што на „граѓаните“ не им се допаѓа и поради тоа одлучија да го спречат првиот потег на шпанскиот клуб.

Доколку Родри ја одбие новата понуда, клубот од Манчестер сепак ќе бара голема отштета уште ова лето, и покрај тоа што неговиот договор истекува на крајот од следната сезона.

Фудбалерот од средниот ред, кој пристигна во Сити во 2019 година, неодамна не сакаше да ја исклучи можноста за преселба во мадридскиот клуб во иднина.

Иако претходно играше за Атлетико Мадрид, тој истакна дека ова нема да биде пречка за потенцијален трансфер во редовите на градскиот ривал.

„Имаше и други играчи кои го следеа тој пат. Не директно, туку со текот на времето. Не можете да ги одбиете најдобрите клубови во светот“, изјави Родри за шпанското радио.

Тој исто така призна дека би сакал еден ден да се врати во својата татковина.

„Секако дека би сакал да се вратам“, рече играчот од средниот ред на Сити.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top