ГРК Охрид го официјализира трансферот на Петриќ

ГРК Охрид го официјализира трансферот на Петриќ

пред 9 месеци

Вардар, во неделата го освои Купот на Македонија. На завршниот турнир во Охрид, Вардар во финалето го совлада Пелистер. Престојот во Охрид, десниот бек на Вардар, Стефан Петриќ го искористи за да потпише договор со клубот од овој град.

ГРК Охрид доби големо засилување за следната сезона, откако ја официјализира соработката со Стефан Петриќ (24). Десниот бек изминатите две сезони ги мина во Вардар, претходно играше за Партизан од Белград.

Во кариерата ги минал сите младински категории во српската репрезентација.

Share
Scroll to Top