Грција прв пат по 2009 година ќе игра полуфинале на ЕП

Грција прв пат по 2009 година ќе игра полуфинале на ЕП

пред 18 часа

Кошаркарите на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Василис Спанулис ја победија Литванија со 87:76, во второто денешно четвртфинале. Грција по пауза од 16 години ќе се бори за медал на Евробаскетот. Последен пат во 2009 година играа во полуфиналето, на крајот го освоија бронзениот медал.

Грците рутински ја победија Литванија, која пружи отпор само во првата и во финишот на втората четвртина. Грците стекнаа двоцифрена предност (35:24) во средишницата од вториот период. Литванија одговори во финишот на полувремето се серија 10:0, но пред заминувањето на големата пауза Грците направија серија 6:0.

Во вториот дел Грците лесно ја одржуваа двоцифрената разлика.

Најефикасни кај Грција беа Јанис Адетокунбо со 29, Василиос Толиопулос со 17, Костас Слукас со 11, Костас Папаниколау со осум поени.

Кај Литванците блескаше Јонас Валанчијунас постигна 24 поени со 15 скока, Арнас Величка забележа 12, Гитис Реџавичиус 10 поени.

Грците за место во финалето ќе се борат против селекцијата на Турција, која претходно ја победи Полска со 91:77. Финска и Грузија, односно Германија и Словенија, утре ќе ги одиграат своите четвртфинални натпревари.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top