Грчки полицаец погоден со факел во навивачки нереди им подлегна на повредите

Грчки полицаец погоден со факел во навивачки нереди им подлегна на повредите

пред 12 месеци

Грчкиот полицаец кој беше погоден со факел за време на навивачките нереди пред три недели во Атина, почина во болница од здобиените повреди, соопштија грчките власти.

На 7 декември група навивачи го напуштија одбојкарскиот натпревар и со факели ја нападнаа полицијата стационирана пред салата. Се верува дека во инцидентот се вклучени организирани фудбалски навивачи.

Полицаецот, 31-годишниот Јоргос Лигеридис, бил погоден во бутот и се здобил со тешко оштетување на артеријата, а од здобиените повреди починал во болница.

Тој конфликт поттикна владина акција против насилството во спортот. 18-годишник е уапсен и обвинет дека го фрлил факелот.

Грчкиот министер за полиција Јанис Иконому изрази сочувство до семејството на полицаецот и повика го повика општеството да се обедини против насилството. Тој вети дека полициските напори ќе продолжат се додека не бидат идентификувани оние кои ги организирале, координирале и вооружиле учесниците во нападот на 7 декември.

Владата нареди во следните два месеци сите натпревари од првата грчка фудбалска лига да се играат без публика. Клубовите мора да инсталираат безбедносни камери внатре во стадионот и да постават специјални системи за персонализирана продажба на билети пред да им се дозволи на навивачите да се вратат на стадионите.

Share
Scroll to Top