Легендарниот Холанѓанец, поранешен освојувач на Златната топка и член на славната генерација на Милан, Руд Гулит, не крие дека е разочаран од она што го нуди модерниот фудбал.
„Во последно време не уживам гледајќи фудбал. Го гледав натпреварот Арсенал-Челзи за време на викендот. Ужасен натпревар. Беше како да гледам Стратего. Ужасен натпревар за гледање. Се надевам дека ова нема да стане тренд. Секој играч е во супер форма, но ни недостасуваат фудбалери како Ламин Џамал, кој може да ги надигра ривалите“, рече Гулит гостувајќи во ТВ емисија во Холандија..
Холанѓанецот откри што најмногу му пречи.
„Ги видов играчите како се обидуваат да изнудат корнер, аут, видов момчиња како собираат топки, им додаваат крпи на фудбалерите. Играчите станаа изведувачи на задачи на теренот, преоптоварени се со барањата на тренерот. Сè изгледа како компјутерска игра, како да се контролирани од страна.“
Гулит исто така кажа што му недостасува кога гледа натпревари.
„Ми недостасува забавата, креативноста. Денес сите ја додаваат топката. Додавања, додавања, додавања. Каде се играчите со мад..а!? Каде се дриблерите“, постави реторичко прашање Руд Гулит.
Foto/ depositphotos






