Гут-Бехрами доминира во супер велеслалом

Гут-Бехрами доминира во супер велеслалом

пред 3 години

Лара Гут-Бехрами победи на трката во супер велеслалом, во Гармиш-Партенкирхен. Швајцараката ја забележа третата победа во низа, во оваа дисциплина,

Гут-Бехрами во целта влезе со резултат 1:15.70 минути. За Швајцарката ова беше 29. победа во кариерата, вкупно 15. во супер велеслалом.

Второто место и припадна на Кајса Викоф Ли (+0.68). Норвежанката прв пат во кариерата се искачи на подиумот. На третата позиција се пласираше Мари-Мишел Гањон од Канада (+0.93).

Гут-Бехрами со 345 поени води во поредокот, во оваа дисциплина, втора е Карин Зутер (205), а трета Кејти Ледецка (196).

Водечка во генералниот пласман е Петра Влхова со 909 поени, на второто место со 847 се проби Гут-Бехрами.

Утре на истото место ќе се одржи уште една трка во супер велеслалом.

Share
Scroll to Top