Дакар 2021: Саинц го згреши патот, Петерхансел ја задржа предноста

Дакар 2021: Саинц го згреши патот, Петерхансел ја задржа предноста

пред 3 години

Стефан Петерхансел ја задржа предноста во генералниот пласман на Дакар 2021 и по третата етапа. Францускиот возач на третото место ја заврши етапата. Третата етапа му припадна на Насер Ал-Атија, која ја забележа втората победа на релито.

По три етапи Петерхансел има 5 минути и 9 секунди предност пред Шпанецот Карлос Саинц. Шпанецот имаше можност да ја намали предноста на Петерхансел, кој мораше да врши поправка на своето возило, но во еден момент го згреши патот.

Наредната, четврта етапа е најдолга на 43 издание на релито. Етапата која ќе се вози од Вади Ад-Давасир до Ријад е долга 813 километри, со брзински испит од 337 километри.

Share
Scroll to Top