Далас Маверикс го добија мечот со Феникс, но го загубија Лука Дончиќ

Далас Маверикс го добија мечот со Феникс, но го загубија Лука Дончиќ

пред 1 година

Далас Маверикс како гости го победија Феникс Санс со 99:95, а победата остана во сенка на повредата на голема ѕвезда Лука Дончиќ. Словенецот одигра само три минути кога го повреди скочниот зглоб и сѐ уште нема прогноза колку долго ќе биде надвор од терените.

Своето мислење го искажа доктор Еван Џефрис, еден од најпознатите лекари и стручњаци во областа на спортските повреди.

„Една работа особено ме загрижува. Вака не изгледа вашиот вообичаено истегнат зглоб“, рече д-р Џефрис.

Што се однесува до самиот натпревар, Далас играше на крилата на расположениот Спенсер Динвиди кој мечот го заврши со 36 поени, додека Доријан Фини Смит имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 скока.

Двајт Пауел постигна 15 поени, Тим Хардавеј 11 поени со девет скока и три асистенции, а двоцифрен беше Реџи Булок кој имаше пет скока со 10 поени.

Кај Феникс, Крис Пол имаше 22 поени, 6 скока и 10 асистенции, Камерон Џонсон забележа ефект од 22 поени и 8 скока, Деандре Ајтон постигна 19 поени и 20 скока, а двоцифрен беше и Микал Бриџис со 16 поени.

Њујорк Никс го победи Бостон на гости по продолжение со 117:120, а Џулиус Рандл постигна 37 поени за победничкиот тим.

Лос Анџелес Клиперс беа доминантни против Сан Антонио Спарс и славеа со 138:100. Пол Џорџ уфрли 35 поени, зачинети со четири скока и седум асистенции.

Резултати: Бостон Селтикс – Њујорк Никс 117:120, Бруклин Нетс – Детроит Пистонс 122:130, Шарлот Хорнетс – Чикаго Булс 111:96, Хјустон Рокетс – Кливленд Кавалирс 95:113, Феникс Санс – Далас Маверикс 95:99, Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио Спарс 138:100.

Share
Scroll to Top