Далас продолжи да тоне, Дончиќ промаши шут за победа

Далас продолжи да тоне, Дончиќ промаши шут за победа

пред 3 години

Одличен меч одиграа синоќа Далас и Феникс, гостите се радуваа на триумф од 109-108.

Во израмнет натпревар Феникс во самиот финиш постигна тројка, а за Далас останаа секунда ипол до крајот, доволно за шут за победа. Дончиќ шутираше и промаши.

Крис Пол со 34 поени беше најефикасен на мечот, а херојот на „сонцата“, Девин Букер придонесе со 24 поени.

Кај Далас Дончиќ постигна 25 поени, 24 имаше Ричардсон, а 19 Порзингис.

Хјустон ја прегази Оклахома со 136-106. Уште во првата четвртина „ракетите“ уфрлија 48 поени.

Ерик Гордон со 25 поени беше најефикасен, по 18 имаа Вуд и Вол, а 17 уфрли Казинс.

На другата страна Шеј Гилџес Александер беше најпрецизен со 19 поени.

„Езерџиите“ како гости славеа против Атланта со 107-99.

Дејвис кај Лејкерс и Јанг кај Хоукси беа најефикасни на мечот со по 25 поени, а Леброн Џејмс броеше до 21.

Ова се резултатите од сите ноќешни натпревари:

Атланта – ЛА Лејкерс 99-107
Мајами – Шарлот 121-129
Чикаго – Њујорк 110-102
Кливленд – Минесота 100-98
Милвоки – Портланд 134-106
Њу Орлеанс – Сакраменто 109-118
Оклахома – Хјустон 106-136
Далас – Феникс 108-109
Сан Антонио – Мемфис 102-133

Share
Scroll to Top