Дали американските фудбалерки се граѓани од втор ред?

Дали американските фудбалерки се граѓани од втор ред?

пред 3 години

Истиот ден кога се пласираа во полуфиналето на женскиот фудбалски турир на Олимпијадата во Токио под водство на македонскиот тренер Влатко Андоновски, асоцијацијата на американски фудбалери (УСНСТПА) ги поддржа своите колешки со објава во која тврдат дека фудбалерките се третирани како граѓани од втор ред.

Американските фудбалерки кои се дел од репрезентацијата, долго време водат легална борба за еднаква платеност со колегите од машката репрезентација, и во петокот имаше сослушување пред Апелациониот суд на САД во обид да се поништи колективниот договор.

„Федерацијата требаше да го направи апсолутниот мимимум и да обезбеди еднаква плата за сите кои ја претставуваат САД. За разлика од колективниот договор на фудбалерите во кој се одредени бонуси за настап и за перформанси од 2011, во женскиот колективен договор од 2017 го нема ова. Очекуваме федерацијата да не се однесува кон фудбалерките како кон граѓани од втор ред“, се вели во соопштението на УСНСТПА.

Женската репрезентација на САД се пласираше во полуфиналето на олимпискиот турнир по пенал-драмата против Холандија и ќе игра во понеделник со Канада во првото полуфинале, додека во другото се среќаваат Австралија и Шведска.

Share
Scroll to Top