Дали Еден Азар ги спаси надежите на Реал за титула?

Дали Еден Азар ги спаси надежите на Реал за титула?

пред 3 години

Севилја беше на чекор до фантастична 2:1 победа на гостувањето кај Реал Мадрид, пред толку критикуваниот Еден Азар во 94. минута да постигне гол за 2:2 реми и за ново компликување во борбата за титулата во Ла лига, со кое Атлетико Мадрид остануваат главни фаворити на три кола пред крајот.

Бразилецот Фернандо им донесе водство на гостите во 22. минута од мечот по одличната асистенција на Иван Ракитиќ, но „кралевите“ успеаја да израмнат преку Марко Асенсио во 67. минута. Сепак, тимот на поранешниот тренер на Реал, Хулен Лопетеги, пак дојде во водство во 78. минута со гол од пенал на Ракитиќ, пред Азар во 94. минута да извлече реми за тимот на Зинедин Зидан.

Овој резултат значи дека на три кола табелата во Шпанија е супер-интересна – Атлетико имаат 77, Реал се втори со 75 поени, колку што има и Барса на третото место, а Севилја остануваат четврти, сега со 71 поен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top