Дани Алвеш: Барселона го губи идентитетот

Дани Алвеш: Барселона го губи идентитетот

пред 3 години

Дани Алвеш, долгогодишниот фудбалер на Барселона, сега член на Сао Паоло, говорел за случувањата во својот поранешен клуб. Барселона катастрофално ја заврши минатата сезона, во четврт-финалето, во Лигата на шампионите, беа поразени со 8:2 од Баерн. Веднаш потоа замина тренерот Кике Сетиен, а Лионел Меси, клупската икона, побара трансфер.

„Барслеона ја менува својата филозофија, нормално е дека тоа носи проблеми. Мислам дека го изгубија препознатливиот идентитет, сега минуваат низ тежок процес во обид да го вратат. Поразите од Ливерпул и Баерн болат, но тави работи се случуваат во фудбалот. Од такви порази се учи. Барселона во моментов личи на клуб кој продава и купува, со тоа го губи идентитетот. Никогаш немаа храброст да ги признаат грешките“, рекол Алвеш.

Бразилецот открил дека летов му испратил порака на Меси и му порачал да остане „во својата куќа“. Тврди дека иста таква порака, во минатото тој добил од Меси, но морал да замине бидејќи клубот решил така.

Share
Scroll to Top