Дани Алвеш се сели во Мексико, ќе го облече дресот на Пумас

Дани Алвеш се сели во Мексико, ќе го облече дресот на Пумас

пред 2 години

Искусниот бразилски дефанзивец Дани Алвеш (39) најде нов клуб, кариерата ќе ја продолжи во мексиканскиот Пумас.

Алвеш пристигнува во Мексико како слободен играч, откако ја напушти Барселона на крајот од претходната сезона.

Пумас ќе биде осми клуб во кариерата за Бразилецот кој има освоено 38 трофеи, најмногу во дресот на Барселона.

За репрезентацијата на Бразил одигра 124 натпревари.

 

Share
Scroll to Top