Данска остана без селектор

Данска остана без селектор

пред 2 месеци

Селекторот на данската фудбалска репрезентација Каспер Хјулманд (52) поднесе оставка, соопшти Данскиот фудбалски сојуз (ДБУ).

Хјулманд ја предводеше репрезентацијата на Данска до полуфиналето на Европското првенство во 2020 година и осминафиналето на неодамнешното ЕП во Германија, додека на последното Светско првенство во 2022 година Данците беа елиминирани во групата.

На последните два големи турнири, СП 2020 и ЕП 2024, Данска одигра седум натпревари, не забележа победа и постигна само три гола.

„На тимот му треба нова енергија. Беше неверојатна чест и привилегија да се биде тренер на националниот тим четири години. Дадов сè од себе за да постигнам успех и да соберам луѓе околу тимот. Имав голема чест што ја претставував мојата земја, но во овој момент треба да се размислува што е најдобро за тимот“, рече Хјулманд.

Мортен Вигорст ќе биде привремен селектор до 2025 година, соопшти ДБУ.

Share
Scroll to Top