Ракометарите на Данска ја освоија бронзата на Светското првенство. Во малото финале Данска ја победи Шведска во Хернинг со 28:27 (18:15).
Данска до победата ја предводеа Ен Хансен, Кристина Јоргенсен и Мие Хојлунд со по пет гола.
За Шведска подобри од останатите беа Оливија Мелегард и Лин Блом со по седум гола.
Данска подобро го започна натпреварот, контролирајќи ги случувањата на паркетот во текот на првото полувреме. Данските водеа со 6:2, 14:10, 16:12, на крајот од првиот дел беше 18:15.
Шведска не се предаде, успеа да го подигне нивото на играта во двата правци и дојде до водство 24:23, но Данска успеа да го запре налетот на ривалките, а клулна беше серијата од 50. до 58.минута кога со серија 4:1 беше решен победникот.
Во битката за петтото место Холандија победи против Германија со 30:26, додека во битката за седмото место Црна Гора ја совлада Чешка со 28:24.