Данците и се налутија на УЕФА

Данците и се налутија на УЕФА

пред 3 години

Два дена по натпреварот Данска-Финска на ЕУРО 2020, кој донесе вистинска драма на Паркен стадионот, Данците открија дека биле соочени со ултиматум од УЕФА, поради што решиле да го продолжат натпреварот.

За потсетување, на овој натпревар во 43.минута колабираше Кристијан Ериксен. Лекарите по десет минути реанимација успеаја да го спасат животот на најдобриот дански фудбалер.

„Имавме две можности и ниту една не беше добра. Ја одбравме онаа која беше помалку лоша. Многу играчи не може да го продолжат натпреварот. Мислите им беа на некое друго место. Во една таква ситуација требаше да имаме и трета опција“, рекол Мартин Брејтвајт, откривајќи дека од УЕФА им понудиле да го продолжат натпреварот или да играаѕ наредниот ден од 12 часот.

Постоела и закана од УЕФА дека доколку не го одиграат натпреварот, дека тој ќе биде регистриран со службени 3:0 за Финска.

„Се случи нешто ужасно и УЕФА на играчите им дава можност да изберат, да играат веднаш или да се вратат во недела напладне. Каква е можно тоа/“, рекол голманот Каспер Шмајхел.

Инаку, пред да продолжи натпреварот, во саботата, УЕФА објави дека во договор со играчите на двете репрезентации била донесена одлуката тој да продолжи.

Share
Scroll to Top