Да ги извлечеме Реал или Јуве, имаат убави химни

Да ги извлечеме Реал или Јуве, имаат убави химни

пред 3 години

Јулијан Нагелсман е предвоникот на новиот тренерски бран. 33-годишниот тренер, минатата сезона, со Лајпциг стигна до полу-финалето во Лигата на шампионите, оваа сезона ќе се обиде да го потвори тој успех.

Лајпциг, во конкуренција на ПСЖ, Манчестер јунајтед и Башакшехир, избори пласман во осмина-финалето. Во последното коло, го добија дуелот со директниот конкурент, Манчестер јунајтед.

Осмина-финалните двојки ќе бидат извлечени во понеделник. Тренерот Нагелсман има желба Лајпциг за противник да го добие Реал или Јувентус.

„Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал и Јувентус имаат многу убави химни. Поради тоа би сакал на ждрепката да добиеме еден од овие два тима. Би можел да ги пеам химните, но не на перфектен шпански или италијански јазик“, се пошегувал Нагелсман.

Share
Scroll to Top