Да се потсетиме какво „чудо“ беа Нејмар и Меси заедно

Да се потсетиме какво „чудо“ беа Нејмар и Меси заедно

пред 3 години

Можноста Нејмар и Лионел Меси повторно да се заедно на фудбалски терен повторно стана актуелна по шпекулациите дека Пари Сен-Жермен имаат сериозен план за носење на Аргентинецот на „Паркот на принцовите“ следното лето.

На ова се надополнија шпекулациите дека Нејмар им кажал на првите луѓе на ПСЖ дека е подготвен да остане долго во Париз, но само ако му се приклучи Меси.

По пристигнувањето на Нејмар од Сантос во 2013 година, Меси и тој направија посебна врска и во четирите години во кои беа заедно на „Ноу Камп“ покажаа неверојатна телепатија во нападот на тимот, како што покажува следната видео компилација. Во десетминутното видео се прикажани сите асистенции на двојката и не е чудо зошто достигна 3 милиони прегледи. Вкупно, има 42 моменти во кои Меси и Нејмар си додаваат за гол.

Во четири сезони, славното „МСН“ трио – Меси, Нејмар и Луис Суарез постигнаа 364 гола и имаа 173 асистенции, освојувајќи две титули од Ла лига, три од Копа дел Реј и една од Лигата на шампионите во 2014/15 во тројната сезона на Луис Енрике.

Share
Scroll to Top