Фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во петтото коло, во ФА купот на Англија. Натпреварот на кој за Тотенхем дебитираше Дејан Кулушевски, го реши Хари Кејн.
Кејн ги постигна првиот и третиот гол за Тотенхем. Првиот со прекрасен удар во 13.минута, а третиот по асистенцијата од Сон, откако Бисума го намали резултатот.
Вториот гол за Тотенхем е авто-гол на Марч. Играчот на Брајтон го блокираше ударот на Емерсон, топката доби чудна патека и заврши за грбот на Санчез.