Двете УФЦ убавици пак ќе се сретнат, овојпат во бокс без ракавици

Двете УФЦ убавици пак ќе се сретнат, овојпат во бокс без ракавици

пред 3 години

Поранешните „непријателки“ од УФЦ федерацијата, Пејџ Ван Зант и Рејчел Остович ќе го продолжат своето ривалство во боксот без ракавици, откако беше потврдено дека го имаат главниот меч на БКФЦ летното натпреварување во јули.

Ван Зант, која неодмна си постави страница на „Only Fans“ со содржина за возрасни, се судри со Остович во јануари 2019 година, кога ја совлада американската ривалка со „давење“ во првата рунда.

27-годишната Ван Зант минатата година потпиша договор за четири меча со БКФЦ за милион долари, но немаше најдобро деби, губејќи на поени од професионалната боксерка Британ Харт по две рунди.

Остович потпиша договор со БКФЦ откако ги загуби последните три меча во УФЦ федерацијата, од кој последниот беше од Џина Мазани во три рунди минатиот ноември.

Share
Scroll to Top