Дебакл на Далас во Атланта

Дебакл на Далас во Атланта

пред 3 години

Атланта Хокс со убелива победа над Далас Маверикс 113:87 ја започнаа новата сезона во НБА лигата.

Неизвесност во овој натпревар имаше само во првата четвртина, во втортата Хокс стекнаа двоцифрена предност, а победникот беше решен на крајот од третата четвртина, која играчите на Атланта ја добија со разлика од 15 поени.

Атланта до победата ја предводеа Кем Редиш со 20 поени, Тре Јанг со 19 поени и 14 асистенции, односно Богдан Богдановиќ со 11 поени, три скока и две асистенции.

Лука Дончиќ на спротивната страна забележа 19 поени, 11 скокови, седум асистенции и пет загубени топки за 31 минута на теренот. Поен помалку постигна Џејлен Бронсон.



Share
Scroll to Top