Дебито на Меси во ПСЖ на 29. август кај Ремс?

Дебито на Меси во ПСЖ на 29. август кај Ремс?

пред 3 години

Лионел Меси најверојатно своето деби во дресот на ПСЖ ќе го има на 29. август кога неговиот тим ќе гостува кај екипата на Ремс, објави денеска „Sky Sports“.

Аргентинецот досега одработил само три тренинга со екипата, не беше на подготовки со „Светците“, а летово имаше ангажман со „гаучосите“ на Копа Америка, каде стигнаа до титулата.

По Копа тој со семејството замина на одмор.

Изминатиов викенд им беше претставен на навивачите во Париз пред победата од 4-2 против Стразбур на „Паркот на принцовите“.

„Одиме чекор по чекор, се запознаваме, сакаме да се чувствува подготвено и удобно“ рече тренерот Покетино по мечот со Стразбур.

Овој петок ПСЖ гостува кај тимот на Брест во третото коло од Лига 1, а на 29-ти месецов во рамки на четвртото лигашко коло ПСЖ повторно нагости, овојпат кај Ремс. За тогаш се очекува дебито на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Share
Scroll to Top