Деби гол на Давид Силва, Сосиедад на првото место во Ла лига

Деби гол на Давид Силва, Сосиедад на првото место во Ла лига

пред 3 години

Реал Сосиедад стигна до убедлива 4:1 победа на гости кај Селта Виго за да се врати на првото место во шпанската Ла лига со својот четврти триумф во низа.

Давид Силва во 24. минута им донесе водство на гостите, за десет минути подоцна Микел Ојарзабал да зголеми на 0:2. Вилијан Жозе постигна два гола во второто полувреме, додека домаќините успеаја да постигнат утешителен гол преку вечниот Јаго Аспас од пенал.

Со победата, клубот од Сан Себастијан е прв на табелата со 17 поени, еден повеќе од Реал Мадрид, кои имаат и меч помалку. Селта се на 17. место со 6 поени и без победа во шест меча.

Претходно, Бетис стигна до 3:1 победа над Елче за да ја прекинат серијата од два порази едноподруго.

Share
Scroll to Top