Деби победа на дебитантот Мартин во Мото ГП

Деби победа на дебитантот Мартин во Мото ГП

пред 3 години

Шпанскиот возач на Дукати, Хорхе Мартин, го продолжи фантастичниот скор на италијанскиот производител на патеката Ред бул ринг во Австрија, откако стигна до триумф на ГП на Штаерска пред Жоан Мир и лидерот во генерален пласма, Фабио Квартараро.

Стартот на трката не можеше да биде полош – во третиот круг од трката повратникот во Мото ГП, Дани Педроза и Лоренцо Савадори паднаа на патеката, а нивните мотоцикли се запалија, предизвикувајќи црвено знаме и прекин на трката. Ова е трета година во низа трката да биде прекината. За среќа, двајцата возачи поминаа без повреди, но се чекаше половина час за рестарт на трката.

По рестартот, 23-годишниот Мартин, кој доби шанса во Прамак Дукати оваа сезона по само една сезона во Мото2 и шампионската титула во Мото3 во 2018 година, успеа да го изддржи притисокот на асот на Сузуки, Мир за славна победа.

Мартин е шести различен возач кој остварил победа во првите 10 трки во 2021 година, но Фабио Квартараро по четвртите победи успеа да го зголеми водството во генерален пласман пред сонародникот Жоан Зарко, кој заврши зад него на четвртото место на 37 поени.

Share
Scroll to Top