Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе ги пропушти дуелите од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед. По победата од 1:0 против Џирона во 19. коло од Ла Лига, на Французинот му е констатирана повреда на бутниот мускул на левата нога.
Проценката е дека неговото закрепнување ќе трае најмалку три седмици, па дури и еден месец.
Оваа сезона 25-годишниот играч за каталонскиот тим на 18 натпревари во шпанското првенство постигна пет гола и забележа пет асистенции.