Денвер без целата стартна петорка против Хјустон

Денвер без целата стартна петорка против Хјустон

пред 2 часа

Алармантна е ситуацијата со повредите во Денвер Нагетс. Целата стартна петорка е под знак прашалник за натопреварот против Хјустон Рокетс во 2 часот и 30 минути по полноќ македонско време.

Како што објавија американските медиуми, а потврди и клубот, Нагетс се во голем проблем бидејќи постои можност натпреварот да се одржи без ниту еден важен играч на тимот од Колорадо.

Најдобриот играч, Никола Јокиќ е повреден и страда од повреда на десниот лакт, поради што веројатно нема да го игра натпреварот со Хјустон.

Здравствениот извештај на Нагетс ги загрижи сите фанови на Денвер бидејќи во него се наведени речиси сите важни играчи на тимот.

Кристијан Браун има проблеми со левата потколеница, Арон Гордон повторно се мачи со долниот дел од грбот, како и Кам Џонсон и Демар Дерозан, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Секој од нив е под знак прашалник.

Денвер сезоната ја започна со пет победи и три порази.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top