Депај го пропушта четвртфиналето во ЛШ

Депај го пропушта четвртфиналето во ЛШ

пред 1 месец

Атлетико Мадрид објави дека напаѓачот Мемфис Депај нема да игра во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, против Борусија Дортмунд.

30-годишниот холандски напаѓач се повредил на тренингот во саботата, што секако ќе биде хендикеп за тимот предводен од Диего Симеоне.

Депај беше еден од хероите на Атлетико во осминафиналето кога „јорганџиите“ го елиминираа Интер. Холанѓанецот постигна гол во 87. минута против Интер со кој му обезбеди продолженија на својот тим, а потоа „јорганџиите“ на пенали го исфрлија финалистот од минатата сезона.

Атлетико не соопшти колку долго ќе отсуствува Депај поради повреда на мускулот, но неколку шпански медиуми пренесуваат дека паузата би можела да трае три до четири недели, што би значело дека Атлетико ќе биде без Холанѓанецот и во реваншот во Дортмунд. Првиот натпревар меѓу Атлетико и Борусија (Д) ќе се одигра утре во Мадрид, додека реваншот е закажан за 16 април.

Share
Scroll to Top