Депај за можниот трансфер во Барса: Јануари е многу блиску

Депај за можниот трансфер во Барса: Јануари е многу блиску

пред 4 години

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај признава дека е можно да направи трансфер во Барселона во јануари, откако претходно беше објавено дека Роналд Куман останува заинтересиран за неговите услуги.

Барса се обиде да го донесе Депај во текот на летниот преоден рок, но не успеаја откако не му најдоа клуб на Усман Дембеле, и сега Лион би биле подготвени да го продадат бидејќи во јуни му истекува договорот и може да замине бесплатно.

„Ќе видиме што ќе се случи. Јануари не е толку далеку. Не е сигурно дека ќе заминам, но можеби ќе има клубови кои ќе бидат заинтересирани. Имам 26 години и наскоро сум слободен агент, така што би требало да има интерес. Барселона? Работите беа завршени, но некои регулативи ги сопреа. Но, работите се случуваат поради причина“, вели Депај во интервју за холандскиот весник „АД“.

Share
Scroll to Top