Дербито на Џенова започна со факел со падобран, заврши без победник

Дербито на Џенова започна со факел со падобран, заврши без победник

пред 3 години

Популарното „Дерби дела лантерна“, дербито на славниот град Џенова, помеѓу Сампдорија и Џенова заврши без победник (1:1), а најзачудувачкиот момент немаше врска со головите, туку со факелот кој со падобран долета на стадионот „Луиџи Ферарис“, каде што поради корона вирусот немаше присутно фанови.

Вообичаено дербито носи бурно навивање, многу пиротехника и многу страсти, но во ерата на КОВИД-19, го нема ниту тоа. Тоа не им пречеше на дел од навивачите на почетокот на мечот со падобран да го уфрлат факелот на теренот и да предизвикаат краток прекин.

Фаворизираните Сампдорија, по три победи во низа, дојдоа во водство во 23. минута по фанатастичниот гол на Јакуб Јанкто, кој надвор од шестнаесетникот со „бомба“ го погоди аголот на голот на Џенова.

Грифоне за малку ќе израмнеа веднаш по ударот со глава на Кристијан Запата, и веќе во 28. минута израмнија, кога Лукас Лерагер ја врати топката во шестнаесетникот, а Џанлука Шамака го постигна својот прв гол во Серија А. Македонскиот капитен Горан Пандев го одигра целиот меч, имаше две убави шанси и еден момент во кој веруваше дека заслужува пенал, но на крајот го продолжи „постот“ во градското дерби.

Share
Scroll to Top