Детали го делат Хулијан Алварез од трансфер во Атлетико Мадрид

Детали го делат Хулијан Алварез од трансфер во Атлетико Мадрид

пред 2 месеци

Хулијан Алварез е на пат за Мадрид и наскоро ќе стане нов член на Атлетико.

Бројни сигурни извори од Аргентина и Англија денеска открија дека Алварез ги договорил сите лични услови до јуни 2029 година, а Атлетико за неговиот трансфер ќе плати и до 80 милиони евра со вклучени бонуси.

Алварез побара поголема минутажа и поважна улога од Пеп Гвардиола, тој го изрази своето незадоволство, а познато е дека Каталонецот не сака да има незадоволни играчи во тимот.

Во исто време, Сити ќе заработи од него, ќе заработи околу четири пати повеќе отколку што платиле за него за трансферот од Ривер Плата.

Многу е веројатно дека Атлетико го финансирал овој трансфер со заминувањето на Саму Омородион во Челси. За 21-годишниот напаѓач за кого минатото лето Атлетико плати 5.000.000 евра, Члеси нуди 50.000.000 евра.

Се на се, во следните неколку часа, најдоцна утре, Алварез ќе стане нов играч на Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top