Дефанзивецот на Сити на радарот на Барселона

Дефанзивецот на Сити на радарот на Барселона

пред 2 часа

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, е на „радарот“ на Барселона.

Каталонците влегуваат во зимскиот преоден рок со приоритет да ја стабилизираат дефанзивната линија.

Барселона мора да биде активна на пазарот, поради повредата на Андреас Кристенсен, на кого му се прогнозира долга пауза, но и поради отсуството на Роналд Араухо, за кого нема најави кога би можел да им се приклучи на соиграчите.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона во холандскиот репрезентативец гледа профил кој речиси совршено одговара на моменталните потреби на клубот. Разновиден играч кој може да покрие две позиции во одбраната.

Иако е дел од Манчестер Сити, Аке нема континуитет оваа сезона. Во Премиер лигата, тој започна само еден натпревар како стартер, додека акумулираше нешто повеќе од 700 минути на теренот во сите натпреварувања.

Новинарот Екрем Конур веќе потврди дека Барселона ја следи ситуацијата околу Аке, но исто така нагласи дека Манчестер Сити не е подготвен за лесни отстапки.

Од друга страна, Барселона, свесна за финансиските ограничувања, се обидува да најде пофлексибилен модел. Идеална опција за Каталонците би била позајмица со опција за откуп, по можност за шест месеци, за да се намали моменталниот финансиски притисок и да се остави простор за конечна одлука по завршуцвањето на сезоната.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top